10:00 | 11.03.2010 | Автор: Бранко Героски

Копуци, оставете го Митрев да работи!

Бранко Геровски - Острилка Пред десет години, владата на ВМРО одлучи на Жан Митрев да му даде простор под привилегирани услови. Доби донација да ја опреми својата болница. Потоа државата склучи договор со него да оперира на сметка на Фондот за здравство. Сето тоа е точно.
Но, тие што го напаѓаат забораваат да кажат зошто владите секогаш биле толку великодушни кон младиот штипјанец. Затоа што тоа беше најевтиниот начин Македонија да ја добие својата прва и засега единствена кардиохируршка клиника. Фондот склучи договор со Митрев, зашто операциите кај него се поевтини од тие во странство. Тој, пак, ја оправда довербата. Има успеси и одлична статистика.
Затоа, копуци едни, оставете го човекот да работи! Или, засукајте ги ракавите, научете да оперирате и конкурирајте му. Не верувам дека Митрев се плаши од конкуренција. Мојот татко се оперираше кај него меѓу првите, на сопствен трошок, по сугестија на маестро Радовановиќ од Сремска Каменица. Енд оф д стори!