» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Британската економија не е повеќе во рецесија
Лондон, 26 јануари - Британската економија и официјално излезе од рецесија, е соопштено денеска во Лондон, откако беа публикувани податоците на државната агенција за статистика, според кои во последните три месеци од 2009 година, е забележан пораст од 0,1 отсто, јави дописникот на МИА од Лондон.
Порастот на домашната економија е помал од оној што во Владата и кај економските експерти се очекуваше, но тој доаѓа по шест едноподруго тримесечија од назадување, што е најлошото постигнување по далечната 1955 година. Како знак за опоравувањето на британската економија се посочува и податокот за намалување на невработеноста во Велика Британија, прво по 18 месеци.
Велика Британија е последната од водечките и најсилните економии во светот, што остана во рецесија, откако уште минатата есен од кризата се извлекоа Германија и Франција, потоа и Јапонја, а пред крајот на 2009 година и САД. Британски економски експерти објаснуваат дека излегувањето од рецесијата е добар знак на патот за опоравувањето на земјата од економската криза, но предупредуваат дека опоравувањето е се уште „мошне кревко“ и дека се уште не може да се зборува за целосно закрепнување, а уште помалку за забрзан економски раст.


