» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Како полесно до реализација на бизнис-план
Низ стручни консултации и обука, кои ги нуди Претприемничкиот сервис за млади, бизнис-идеите полесно се реализираат
21:00 | 14.02.2010 | Автор: Шпиц
Иако, преовладува општиот став дека во државата нема доволно поволна клима за развивање на претприемништвото, сепак постојат начини кои ги охрабруваат, ги поддржуваат и им помагаат на младите во реализирањето на идеите за почнување сопствен бизнис.
Со цел да го забрза напредокот на малите и средни претпријатија Претприемничкиот сервис за млади (ПСМ) поддржан од повеќе институции и од владата, нуди услови во кои младите и амбициозни луѓе ги користат со цел да ги развиваат своите бизниси и претприемачки вештини. Љупчо Деспотовски, менаџер на инкубаторот на ПСМ, вели дека за период од шест или девет месеци, а понекогаш од една година, младите претприемачи кои успеале да влезат во бизнис-инкубаторот добиваат консултации, се обучуваат и тренираат и постојано посетуваат работилници и семинари со цел да почнат или да го развијат веќе почнатиот бизнис.
- Во проектот на ПСМ кој е подржан и од владата, учесници се околу дваесетина компании кои со стручна помош постепено се осамостојуваат и успеваат да го унапредат својот бизнис - објаснува Деспотовски.
Компанијата „Ексквизит“, која е учесник и корисник на ПСМ-услугите, успешно настапува на пазарот со својот бизнис во областа на онлајн- продажната. Иако е пионер во основање интернет-продавница Билјана Радоњанин, основач на „Ексквизит“, вели дека со користењето на консултациите и тренинзите во бизнис-инкубаторот настапува посигурно и смета дека успешно ја реализирала својата бизнис-идеја.
- Користејќи ги вештините и техниките кои ги стекнувам за време на стручните консултации и тренинзите во бизнис-инкубаторот успеав да совладувам пречки, полесно да реализирам идеи и постепено да се осамостојувам во сферата на претприемништвото. Сите, кои имаат бизнис- идеја не треба да се колебаат туку да почнат да ја реализираат - вели Радоњанин.
Корисници кои веќе го поминале тренинг-периодот и самостојно настапуваат на пазарот се „Иновејшн“ е компанија која излегла од програмата на ПСМ и успешно настапува на пазарот нудејќи софтверски решенија и високостручни информатичко технолошки услуги. Почнала со двајца вработени, а сега на пазарот настапува со 12 нововработени. „Глобал-нет“ е компанија која изработува наменски софтвер за мали и средни претпријатија и подготвена е самостојна да настапува на пазарот.


