НЛБ Тутунска банка ги намалува каматите од 1 февруари

12:00 | 22.01.2010 | Автор: МИА
Скопје, 22 јануари - НЛБ Тутунска банка од 1-ви идниот месец ги намалува каматните стапки на кредитите за населението од 0,5 до три проценти.

Намалувањето, како што се наведува во соопштението Банката, кај виолетовиот и сребрениот потрошувачки кредит е три проценти, кај автомобилските кредити околу еден процент, а кај хипотрекарните 1,1 отсто.

Покрај новоодобрените кредити, намалување ќе има и кај веќе одобрените кредити кое се движи од 0,5 до 8,5 отсто, во зависност од кредитот.

Банката овозможува и рефинансирање на постоечките кредити без провизија за одобрување на кредитите.

Намалени се и каматните стапки на депозитните продукти за физички лица – најмногу до 0,8 процентни поени кај денарски депозити и 0,2 процентни поени за девизни депозити. Измената на каматните стапки на депозитите ќе важи за сите новосклучени ависта и орочени депозити, како и за сите депозити орочени во периодот од 1 јуни 2009 до 1 февруари 2010 година.