» Најкоментирани од последната недела:
Претпријатијата во декември, со половина капацитет
16:15 | 25.01.2010 | Автор: NET PRESS
Претпријатијата во Македонија во текот на декември искористиле само 53,7 отсто од своите капацитети, објави Државниот завод за статистика. Сепак, во однос на ноември, бројката бележи зголемување
Според бизнис заедницата, причина за недоволното искористувањет е недоволната домашна како и побарувачката од странство, неизвесното економско опкружување и финансиските проблеми.
Економската состојба на претпријатијата во декември, според оценките на бизнисмените е поповолна во однос на ноември.
“Обемот на производството на претпријатијата во декември 2009 година бележи раст во споредба со претходните три месеци, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се песимистички, а песимистички се и очекувањата за бројот на вработени. Во декември 2009 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под нормалата“, покажуваат податоците на Статистика.
Но, наспроти тоа залихите на готови производи во декември 2009 година се зголеми во споредба со ноември. Според оценката на раководителите, во наредниот период просечните набавни цени на инпутите ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи.