» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Просечната нето плата во декември 20.483 денари
10:45 | 26.02.2010 | Автор: МИА
Скопје, 26 февруари - Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември изнесувала 20.483 денари и е за 18 отсто поголема во однос на истиот месец во 2008 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквиот пораст се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите - Сообраќај, складирање и врски, Здравство и социјална работа и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, изнесувала 30.611 денари и е полемена за 8,1 отсто во однос на декември 2008 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2,9 отсто од вработените во Македонија не примиле плата што е за 4,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.