» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Четворица американски војници и Авганистанец цивил загинаа во два напади во Авганистан
17:30 | 13.02.2010 | Автор: МИА
Кабул, 13 февруари - Американски војник и Авганистанец цивил денеска загинаа во самоубиствен напад врз колона автомобили на меѓународните сили во Авганистан, пренесе РИА Новости.
Терорист, со миниран мотоцикл, го нападнал конвојот на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ), под команда на НАТО, во јужната авганистанска провинција Кандахар и притоа се судрил во блиндиран транспортер, за агенцијата изјави Сардар Мохамад Зазај, началник на силите за безбедност во регионот.
Во нападот биле повредени и тројца американски војници и четворица цивили Авганистанци.
НАТО сооопшти дека тројца американски војници се убиени во јужен Авганистан, но подвлече дека нивната смрт не е поврзана со големата акција во градот Марџа, главното утврдување на талибанците во јужната провинција Хелманд.
Во соопштението се наведува дека тројцата американски војници се убиени од бомба, но не се даваат повеќе детали за настанот.