» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Чоколадата ке станува се поскапа
Растот на цените на какаото и на шеќерот на светскиот пазар ќе доведе до поскапување на чоколадите во супермаркетите за 10 до 20 отсто.
Во економската криза поскапеа многу продукти, но и љубителите на слатките се погодени, па тие мора да го стегнат ременот и полека да се откажуваат од чоколадите, бидејќи цените на чоколадите постојано ќе се зголемуваат. Веројатно најважниот проблем за љубителите на чоколади е растот на цените на какаото на светскиот пазар. Поради тоа чоколадите во супермаркетите можат да поскапат за 10 до 20 отсто. Тоа не е многу во однос на цената на какаото на светскиот пазар, која од 2007 година е двојно повисока. Причина е намалената берба ширум светот - укажува Карстен Фрич, експерт за суровини на германската Комерц банка.
- Последните месеци стигнуваат информации за неочекувано слабо производство и понуда, иако по ланскиот пад се очекуваше ситуацијата да се стабилизира и да се подобри. Тоа се чувствува и тука на берзата каде што цената на какаото расте, изјави Фрич за германското државно Радио Дојче Веле.
Слично е и со шеќерот. Поради големите дождови, во Бразил оваа година се очекува помал род за дури 35 милиони тони, а состојбата може да биде и полоша бидејќи неповолните временски услови продолжуваат. Ваквата нестабилна понуда е во спротивност со с* поголемата побарувачка на шеќер и какао, на пример во Кина и во Индија.
Сето тоа, во комбинација со постепеното зајакнување по светската економска криза, може да доведе до експлозија на цените на чоколадите, вели Харалд Грубер од консултантската куќа „Силвија Квант”.
Експертите сметаат дека љубителите на колачи и на чоколади ќе можат да уживаат во нив и да ги купуваат по стари цени дури идната зима.


