Грција-цариниците и даночните службеници се закануваат со ескалирање на протестите

15:15 | 04.02.2010 | Автор: МИА
Грчките цариници и даночни службеници, кои денеска и утре штрајкуваат, се закнија со ескалација на протестите, соопшти грчкото радио „Та неа“. Освен 48-часовниот штрајк тие најавија и нови 24-часовни штрајкови на 10 и 17 февруари. Цариниците и даночните службеници протестираат против намалувањето на платите и наградите за нивниот труд. На 10 февруари со нив ќе штрајкуваат и државните службеници, лекарите во болниците и медицинскиот персонал.

Од Општата конфедерација на трудот во Грција (ГСЕЕ), пак, соопштија за штрајк на 24 февруари заради безизлезноста во преговорите за националниот колективен договор за работа во 2010 година, како последица на намерата за замрзнување на платите во државниот сектор, соопштена од Владата на Папандреу.