» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Нова опција на Фејсбук
11:30 | 17.01.2010 | Автор: Шпиц
Веројатно сте се нашле во ситуација кога нечиј статус, фотографија или линк на Фејсбук ви се допаднал и сте посакале да го споделите со останатите ваши пријатели. Најголемата социјална мрежа од петокот многу ја олесни оваа операција, со тоа што ја додаде опцијата share.
Така ако сега ви се допаѓа некој линк постиран на профилот од ваш ФБ-пријател, сe што треба да сторите е да го стиснете копчето share и линкот ќе се појави на вашата фејсбук-страница со референца дека сте го презеле од некој ваш пријател. Засега опцијата работи само со линкови, но најверојатно бргу на овој начин ќе се споделуваат и статуси и фотографии.
Оваа нова опција на ФБ неодоливо потсетува на ритвит-можноста, која ја нуди микроблогинг-сервисот Твитер.