» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Седум самоубиства во јануари во Косово
11:15 | 20.01.2010 | Автор: Шпиц
Во првите две недели од оваа година во Косово се евидентирани седум самоубиства и 15 обиди за самоубиство, соопшти денеска косовската полиција оценувајќи дека станува збор за алармантна појава.
Портпаролот на полицијата, Сабрије Камбери, за приштинските медиуми изјавила дека жртвите при самоубиствата користеле оружје, јаже, лекови и други средства.
Косовскиот социолог Миљаим Нишори за медиумите во Приштина истакнал дека стапката на самоубиства во Косово е индикатор за „квалитетот на државните институции и нивната работа, нагласувајќи дека еден од главните фактори што го турка луѓето на самоубиство е тешката економска ситуација.
- Причината за огромното зголемување на бројот на самоубиства и обид за самоубиства лежи и во промена на традиционалниот начин на живот - смета Нишори.
Во текот на минатата година, во косовската полиција се пријавени 60 случаи на самоубиства и 255 обиди за самоубиства.