Со­се­ма по­и­на­ков „авео РС“

14:00 | 17.01.2010 | Автор: Шпиц

Ше­вро­лет офи­ци­јал­но ја прет­ста­ви же­шка­та вер­зи­ја на но­ва­та ге­не­ра­ци­ја на „авео“. Авто­мо­бил кој тре­ба да па­ли и жа­ри и тре­ба да оз­на­чу­ва не­што со­се­ма по­и­на­кво во по­ну­да­та на ком­па­ни­ја­та.

Очиг­лед­но е де­ка во Ше­вро­лет ја ме­ну­ва­ат фи­ло­зо­фи­ја­та и по „спарк“, или, „ма­тиз“ пла­ни­ра­ат дра­стич­но по­до­бру­ва­ње во ди­зај­нот и на „авео“.

Се­пак, пр­во да го од­го­во­ри­ме нај­важ­но­то пра­ша­ње: Ко­га ова лу­то бу­ба­че ќе го ви­ди­ме во про­даж­ни­те са­ло­ни? Од аме­ри­кан­ски­от про­из­во­ди­тел до­а­ѓа ла­ден туш со од­го­во­рот де­ка овој мо­дел не е на­ме­нет за се­ри­ско про­из­водс­тво.

Цел­та на про­е­ктот „авео РС“ е да се по­ка­жат ид­ни­те пла­но­ви на Ше­вро­лет, ка­де што се свес­ни де­ка акту­ел­ни­от мо­дел тр­пи до­ста кри­ти­ки по­ра­ди нев­пе­чат­ли­ви­от ди­зајн, кој вли­јае врз кон­ку­рент­но­ста во преп­ла­ве­ни­от па­за­рен сег­мент.

Од таа при­чи­на во Ше­вро­лет са­ка­ат да го сме­нат „авео“ и оче­ку­ва­ат де­ка „авео РС“ е ви­стин­ски­от на­чин да се по­ка­же де­ка се ре­ше­ни да по­ну­дат не­што по­и­на­кво и не­што по­до­бро на па­за­рот. Ба­рем та­ка ве­ли во сво­и­те из­ла­га­ња ге­не­рал­ни­от ме­на­џер на ком­па­ни­ја­та, Џим Кем­бел.

Кон­цеп­тот „авео РС“ е на­ви­сти­на впе­чат­ли­во пар­че авто­мо­бил со агре­си­вен ди­зајн, но­ви пред­ни свет­ла со од­во­е­ни со­чи­ва, го­ле­ми лес­но­ме­тал­ни бан­да­жи од 19 ин­чи обо­е­ни во тем­но си­во, нов и мо­ќен си­стем за со­пи­ра­ње со си­но обо­е­ни со­пи­рач­ки кле­шти, спој­лер во про­дол­же­ние на по­кри­вот, кој од­лич­но му при­ле­га и не ја на­ру­шу­ва не­го­ва­та ли­ни­ја и дво­ен цен­трал­но по­ста­вен из­дув.

Ен­те­ри­е­рот на „авео РС“ по­дед­на­кво ну­ди ви­сок стил, бо­гат­ство од опре­ма и ква­ли­тет­ни ма­те­ри­ја­ли, кои дра­стич­но се раз­ли­ку­ва­ат од акту­ел­ни­от мо­дел.

До­кол­ку од­го­вор­ни­те во Ше­вро­лет не­ко­гаш се пре­мис­лат и „авео РС“, се­пак, вле­зе во се­ри­ско про­из­водс­тво под ха­у­ба­та ќе го но­си но­ви­от тур­бо бен­зи­нец на „опел“ од 1,4 ли­три со 138 КС ве­тен за Астра и пред­ви­ден да се вгра­ду­ва и во Круз.

Мо­то­рот ќе ја пре­не­су­ва сна­га­та на пред­ни­те тр­ка­ла пре­ку шес­тсте­пен ма­ну­е­лен ме­ну­вач, кој по­крај од­лич­ни­те за­бр­зу­ва­ња тре­ба да му обез­бе­ди и ви­со­ка еко­но­мич­ност на отво­рен пат.

Спо­ред пла­но­ви­те на Аме­ри­кан­ци­те, но­ва­та ге­не­ра­ци­ја на „авео“ би тре­ба­ло да се про­из­ве­ду­ва во по­го­ни­те на ком­па­ни­ја­та во Ми­чи­ген САД. Тоа зна­чи де­ка „авео“ ќе би­де пр­ви­от мо­дел на „ше­вро­лет“ од Б - сег­мен­тот што ќе се про­из­ве­ду­ва во САД.
Без ог­лед да­ли „авео РС“ вле­гу­ва во се­ри­ја или не, обич­ни­от „авео“ на па­за­рот ќе при­стиг­не во 2011 го­ди­на.

ПРЕ­ЗЕ­МЕ­НО ОД VOZI.COM.MK