» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Три килограми портокали за 100 денари
Голем избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, со приближно изедначени цени има на сите тезги на Бит-пазар. Килограм банани се продаваат по цена од 35 денари. Три килограми портокали може да се најдат за 100 денари, а килограм за 40 денари. Кивите се движат од 50 до 60 денари. Таа цена важи и за килограм цитрони.
Лимонот го има во големи количества и се движи од 35 до 50 денари за килограм. Крушите чинат 80, но може да се најдат и за 70 денари.
Зимското задоволство дуњите ги има се поретко на тезгите, па така килограм е 120 денари.
Јаболката ги има во разни видови: црвени, зелени и златни, а нивната цена се движи од 10 до 20 денари за килограм. Тиквата се продава од 10 до 15 денари. Цвеклото и морковот се наоѓаат за 20 до 25 денари. Три китки ротквици за 20 денари, додека страк праз е 100 денари.
Цената на гравот варира од 60 до 120 денари, додека оризот се наоѓа за 70 и за 80 денари. Ако можете да носите или сте со возило, земете си три килограми компир за 50 денари или цела вреќа за 100 денари.
Празничното освежување со шопска салата ќе ве чини поскапо, зашто краставиците и доматите се по 100 денари, а пиперките 150 денари. Ако сакате да се излутите, ќе минете евтино, зашто луто пиперче чини само 10 или 15 денари. Евтино е и младото кромитче, кое бара само 10 денари за страк.
Карфиолот и брокулата се продаваат по 70, односно 80 денари, а прокељот може да се најде за 50 денари. Марулата ја има во изобилство и се продава за 10 или 15 денари.


