» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Ахмет Давутоглу на средби со државниот врв
Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу кој е во официјалната посета на Република Македонија, денеска ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како и со парламентарната група за соработка меѓу Македонија и Турција. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, гостинот од пријателска Турција ќе оддржи предавање пред студентите. Д-р Ахмет Давутоглу, денес ќе го промовира и новиот Културен центар на институтот „Јунус Емре“, кој во основата на своите активности ја има афирмицијата и презентирањето на Турција и на турскиот јазик, култура, уметност и историја в светот.
- Турција е на страната на Република Македонија уште од денот на прогласување на независноста и го поддржува нејзиното члество во НАТО и други институции под нејзиното уставно име. Таа силна поддршка ќе продолжи и понатаму, истакна Давутоглу во вчерашната изјава за медиумите.
За отворањето на Почесниот конзултат во Охрид оцени дека е уште еден чекор во насока на поуспешно братство и пријателство меѓу двете земји. Тоа, нагласи Давутоглу, само по себе претставува нова динамика во развојот и унапредувањето на и онака добрите односи меѓу двете држави, но и во сферата на економијата, при што го посочи интензивирањето на турските инвестиции во Македонија.


