Антикорупциска канцеларија на Универзитетот во Тетово

07:15 | 01.07.2010 | Автор: МИА
Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска ќе присуствува на отворањето на антикорупциска канцеларија на Државниот универзитет во Тетово.Антикорупциските канцеларии се замена за стариот начин на телефонско пријавување корупција и како предност се посочува скриениот идентитет на подносителот на пријавата. Студентите ќе може да пријават корупција анонимно, со пополнување апликација на интернет во која треба да го опишат случајот. Информацијата потоа се доставува до главната канцеларија во МОН и во зависност од содржината на пријавата и повредата на правата на студентот, таа се процесуира до надлежните институции, МВР, Државниот просветен инспекторат...Во Министерството очекуваат дека студентите сега ќе бидат поохрабрени да пријавуваат коруптивно однесување на нивните професори.Неодамна, ваква канцеларија беше отворена на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет.