» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Атина - судири меѓу млади демонстранти и полицијата
Сурови насилства избувнаа меѓу млади протестанти и полицијата во централниот дел на Атина каде повеќе од 30.000 луѓе денеска демонстрираа за време на генералниот штрајк против рестрикциите што ги воведе владата во обид да ја спаси земјата од најсериозната финансиска криза до сега
Млади протестанти со качулки на главите удираа и клоцаа полицајци на мотоцикли и велосипеди, додека силите за безебдност стрелаа патрони солзавец и шок гранати во обид да ги растераат демонстрантите.Претходно, групи анархисти и левичари ја нападнаа полицијата со камења и Молотови коктели и со чекани искршија стакла и излози на десетици продавници, банки, златарници и кино-сали. Демонстрантите запалија контејнери и возило, целосно демолираа автобуски постројки и корнеа мермерни плочки од фасадите на зградите, користејќи ги како проектили за напад врз полицијата.Полицијата во Атина соопшти дека најмалку деветмина протестанти се уапсени, додека двајца полицајци биле повредени во дивеењата.
Грција од ноќеска на полноќ стапија е парализирана поради 24 часовен генерален штрајк тшто го организираат синдикатите.
Штрајкот ги затвори вратите на сите јавни служби, училиштата, царините и даночните управи, го запаре јавниот превоз и ги приземји авионите.
Штрајкуваат работниците во јавниот сектор, новинарите, наставниците, лекарите од државните болници, контролорите на летање, железничарите. На протестните собири се приклучија и синдикатите на полицајците, пожарникарите и припадниците на крајбрежната стража.
Грција веќе неколку месеци ја тресат протести против рестриктивните мерки што ги донесе социјалистичката влада на премиерот Јоргос Папандреу со цел да ја извлече земјата од огромниот долг од речиси 300 милијарди евра, кој му се закани и на еврото.


