» Најкоментирани од последната недела:
Авганистански војник го крена националнотo знаме на главниот пазар во градот Марџа
17:45 | 17.02.2010 | Автор: МИА
Марџа, 17 февруари - Авганистански војник денеска се искачи на покривот на напуштена продавница и го развиори националното знаме над најголемиот пазар во градот Марџа, во јужен Авганистан, на петиот ден од масовната офанзива на НАТО и авганистанската армија против талибанците во реонот, пренесоа американските медиуми.
Околу 15.000 војници од НАТО и авганистанската армија учествуваат во офанзивата крај Марџа, град од 80.000 жители во провинцијата Хелманд, сметан за едно од последните упоришта на талибанците.
Безбедносната состојба во северниот дел на Марџа доволно се подобри, така што авганистанската полиција ќе настапи во градот, изјави командантот на баталјонот маринци потполковникот Брајан Кристмас.
Единици на маринците ги контролираат главните точки во центарот на градот, дополнуваат американските медиуми.