Белгија почнува да ги враќа азилантите

12:15 | 05.03.2010 | Автор: МИА

Белград, 5 март - Белгиските власти ќе почнат за неколку дена да ги враќаат српските и македонските државјани, кои побарале политички азил во Белгија, најави белгиската амбасадорка во Белград Дениз де Хаувер.

- Првото враќање ќе го организираме в среда, на 10 март, кога автобусите со лицата, кои во Белгија барале азил ќе тргне за Србија, во придружба на преведувачи и припадници на белгиските имиграциски служби и Белгија ќе ги сноси трошоците за патот, изјави таа за Радио Слободна Европа.

Бројот на барањата на српски граѓани за политички азил во Белгија од почетокот на оваа година бил поголем за разлика од минатата, а само во февруари политички азил побарале 330 граѓани од јужна Србија, претежно Албанци и Роми. Во првите денови на овој месец дневно азил барале околу 20 лица.

Белгиската амбасадорка укажа дека тоа на Белгија и создава голем проблем и оти е одлучено нивните барања да се решаваат по забрзана процедура.

- Не постојат услови да се бара политички азил, бидејќи во Србија нема војна, ниту некој е протеран поради етнички или религиозни причини, додаде таа, појаснувајќи дека не постојат услови ниту за добивање економски азил, бидејќи тој не постои како категорија.

Тагови (карактеристични поими за веста):
|