Бесими: Субвенции за тур-операторите

14:00 | 31.01.2010 | Автор: МИА

Проблемите со кои се соочуваат угостителите и хотелиерите по стапувањето на сила на одредбите на , актуелните состојби во сферата на туризмот и очекувањата од престојната туристичка сезона беа тема на разговор на министерот за економија Фатмир Бесими со сопствениците на угостителски објекти и претставници на македонската Асоцијација на хотелиерите, на денешната средба во Охрид

- Проценка на Владата е дека негативните последици од Законот за заштита од пушење се од краткорочен карактер. На среден и долг рок од имплементирањето на Законот, според Бесими, ќе има позитивни ефекти.
Бесими истакна дека Министерството за економија континуирано ќе ги следи состојбите на терен односно импликациите од спроведувањето на Законот и укажувањата на стопанствениците, за што посупешно постигнување на посакуваните резултати, а истовремено минимизирање на негативните последици. Министерот Бесими изрази задоволство од начинот на кој се почитуват одредбите од Законот за заштита од пушење и нивно имплеметирање, што е добар сигнал кој укажува на напредокот на Македонија во насока на функционирањето на правната држава.

Во врска со активностите на Владата за поддршка и развојот на туризмот како важна стопанска гранка, Бесими потсети на проектот што предвидува субвенционирање на тур-операторите што ќе носат странски туристи во Македонија.

- Прв пат во Македонија се спроведува директно субвенционирање на туризмот, тоа е еден од најголемите проекти на Министерството во насока на поддршка на таа стопанска гранка. Веќе од буџетот на Министерството за економија за таа намена се издвоени 24 милиони денари, а доколку има потреба ќе побараме дополнителни средства за тој проект, истакна Бесими. Тој нагласи дека тоа е само еден чекор во насока на промоција на македонската туристичка понуда, истовремено најавувајќи продолжување на комуникација со туристичките асоцијации и комори, во насока на континуирано подобрување на владиниот пакет за поддршка на туризмот.

За најавите за поместувањето на старосната граница за дозволен увоз на половни автомобили, министерот истакна дека таа мерка е пред се од социјален карактер, што истовремено ќе резултира со „подмладување“ на возниот парк во земјата.

Министерот Бесими од Охрид замина за Струга, каде ќе присуствува на отворањето на погон за производство на брикети во селото Корошиште, а ќе се сретне и со градоначачникот Рамиз Мерко и стопанственици од регионот.

Тагови (карактеристични поими за веста):
СУБВЕНЦИИ | туризам |