» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Бугарија - предупредување од ЕУ
18:30 | 03.02.2010 | Автор: МИА
Европската унија ја предупреди Бугарија дека би можела да остане без милијарди евра помош од ЕУ и да плати голема парична казна доколку нејзината нова Влада не успее да ја запре корупцијата и криминалот, соопштија денеска владини претставници.
- На Владата на Бугарија и се дадени два месеци да ги исправи законските неправилности од претходниот кабинет, за да избегне да остане без 3,2 милијарди евра помош од ЕУ за развој на селата и земјоделството, изјави на прес-конференција бугарскиот министер за земјоделство Мирослав Најденов.
- Новиот кабинет, избран во јули минатата година благодарение и на ветувањата дека ќе ја отстрани претставата за Бугарија како најкорумпирана членка на ЕУ, исто така има еден месец да ја избегне казната на ЕУ за незаконска размена на земјиште, рече премиерот Бојко Борисов на истата прес-конференција.
Борисов ја обвини претходната администрација, која ја предводеа социјалистите, за неспособност и немоќ да ја сузбие корупцијата и организираниот криминал.
Политичките аналитичари, меѓутоа, истакнуваат дека новата Влада на десниот центар за време на првите шест месеци на власт сторила малку за спречување измами, врзани за помошта на ЕУ која и е неопходна на Бугарија да го врати растот на економијата погодена од рецесијата.