» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Чевли и ташни од чоколада
Британката Френсис Кули, продавачка на чоколада, лансирала седум чоколадни чевли и чанти откако пронашла модел на класична чевла од белгиска чоколада. Кули направила колекција од најразлични чевли, на пример со шари на зебра. Таа самостојно ги прави чоколадните слатки во својата кујна.
- На луѓето им се допаѓаат овие слатки бидејќи се совршен подарок за жената - чоколада и чевли на едно место - изјавила Кули.
Четириесет и седумгодишната госпоѓа Кули, која е сопственичка на продавницата во градот Бристол непрекинато добива нарачки за своите слатки и покрај цената од 21 фунта.
- Во некои продавници чоколадните чевли се продаваат заедно со шампањ, а сум видела дека некои луѓе пијат шампањ директно од чевлите - додава Кули.
Таа открива дека овие слатки се прават во посебно дизајнирани и рачно направени садови, кои се полнат со белгиска чоколада. Френсис Кули го почнала овој бизнис пред десет години откако ја напуштила својата кариера на графички дизајнер. Нејзините слатки се продаваат во синџир на луксузни продавници, а се продаваат по цена од 8,5 фунти за пар чевли, па с* до 21 фунта за една голема чоколадна чевла.


