Црн Дрим се излеа и го затвори патот Дебар-Струга

18:30 | 24.02.2010 | Автор: e-reporter
Патот Дебар-Струга од попладнево е во прекин, поради излевање на реката Црн Дрим кај селото Луково.

Портпаролот на ЦУК, Мишко Талески потврди вечерва за еРепортер дека сообраќајот на овој патен правец е во прекин. Тој рече дека екипи на Македонија пат се на терен и се очекува сообраќајот во скоро време да биде нормализиран.

Покрај излевањето на Црн Дрим кај Луково, каде веќе беа поставени заштитни насипи од вреќи песок, патот е непрооден и поради водата, што се излева од шахта со пониска кота.

Талески соопшти дека засега нема информации за други штети од излевањето на реката.