Да­ли членс­тво­то на Бу­га­ри­ја во ЕУ е го­ле­ма гре­шка?

12:00 | 23.01.2010 | Автор: Шпиц

Пов­ле­ку­ва­ње­то на бу­гар­ска­та кан­ди­да­тка Рум­ја­на Же­ле­ва од ме­сто­то европ­ски ко­ме­сар за по­мош и раз­вој, ко­ја под­не­се оста­вка и на ме­сто­то шеф на бу­гар­ска­та дип­ло­ма­ти­ја, по­втор­но ги зго­ле­ми сом­не­жи­те за тоа да­ли оваа др­жа­ва во­оп­што зас­лу­жу­ва да би­де член­ка на ЕУ, истак­ну­ва­ат свет­ски­те ме­ди­у­ми. Же­ле­ва при прет­ста­ву­ва­ње­то во Европ­ски­от пар­ла­мент бе­ше цел на остри кри­ти­ки за неј­зи­но­то фи­нан­си­ско ра­бо­те­ње, при што бе­ше и об­ви­не­та за конф­ликт за ин­те­ре­си. Спо­ред ана­ли­ти­ча­ри­те, бу­гар­ска­та вла­да ко­ја бе­ше из­бра­на ми­на­ти­от ју­ли, ко­ја дој­де на власт бла­го­да­ре­ние на ве­ту­ва­ња­та де­ка ќе го по­пра­ви ими­џот на зем­ја­та, мо­ра под ит­но да по­ну­ди до­ка­зи де­ка вре­ме­то на кр­ше­ње на за­ко­ни­те е по­ми­на­то.

Слу­ча­јот со Же­ле­ва се­ка­ко не бе­ше че­кор во ви­стин­ска на­со­ка, иа­ко пре­ми­е­рот на Бу­га­ри­ја Бој­ко Бо­ри­сов бр­зо ре­а­ги­ра­ше и на неј­зи­но ме­сто ја наз­на­чи Кри­ста­ли­на Ге­ор­ги­е­ва, функ­ци­о­нер во Свет­ска бан­ка со дол­го­го­диш­но искус­тво во по­мо­шта во раз­вој.

- Бу­га­ри­ја ко­ја ве­ќе се на­о­ѓа под лу­па­та на ЕУ, не мо­же да си доз­во­ли та­кви гре­шки - из­ја­ви Ки­рил Авра­мов од нев­ла­ди­на­та ор­га­ни­за­ци­ја По­ли­тич­ки ка­пи­тал.

До­кол­ку не ус­пее да по­ка­же ре­зул­та­ти во бор­ба­та про­тив ор­га­ни­зи­ра­ни­от кри­ми­нал и ко­руп­ци­ја во ју­ли, ко­га ЕУ тре­ба да го оце­ни на­пре­до­кот на Со­фи­ја, на Бу­га­ри­ја не­ма да & се доз­во­ли при­стап до фон­до­ви­те од око­лу 11 ми­ли­јар­ди евра, на­ме­не­ти за таа зем­ја до 2013 го­ди­на.
На Бу­га­ри­ја ве­ќе & се уки­наа 500 ми­ли­о­ни евра по­мош во ју­ли 2008 го­ди­на, ко­га бе­ше јас­но де­ка не по­стиг­на­ла ни­ка­кви ре­зул­та­ти и на­пре­док на по­ле­то во бор­ба­та про­тив ко­руп­ци­ја­та и кри­ми­на­лот.
Ду­ри и спе­ци­јал­ни­от си­стем за сле­де­ње на ЕУ, кој тре­ба­ше да би­де уки­нат во 2009 го­ди­на, е про­дол­жен и во 2010 го­ди­на, по­ра­ди проб­ле­ми­те со ко­руп­ци­ја­та во Бу­га­ри­ја.

Нас­про­ти го­ле­ми­те збо­ро­ви, од па­дот на ко­му­низ­мот во 1989 го­ди­на до де­нес, во за­твор се на­о­ѓа са­мо еден од во­да­чи­те на под­зем­је­то, иа­ко во из­ми­на­ти­те де­сет го­ди­ни би­ле из­вр­ше­ни над 100 ма­фи­ја­шки убис­тва. За це­ло вре­ме ни­ту ед­но офи­ци­јал­но ли­це не од­го­ва­ра­ло за при­ма­ње ми­то.

Не­кои по­ли­ти­ча­ри, по­себ­но од Гер­ма­ни­ја и од Хо­лан­ди­ја беа про­тив при­е­мот на Бу­га­ри­ја и на Ро­ма­ни­ја во ЕУ во 2007 го­ди­на. За­си­ле­но­то еко­ном­ско вли­ја­ние на Ру­си­ја на Бал­ка­нот при­до­не­се за до­не­су­ва­ње од­лу­ка за при­ем на овие две зем­ји. Ме­ѓу­тоа, ра­бо­ти­те од тоа вре­ме не се про­ме­ни­ја - ин­ве­сти­то­ри­те и по­на­та­му се жа­лат де­ка не мо­жат да ра­бо­тат во Бу­га­ри­ја до­кол­ку не да­дат ми­то, а сред­би­те со чле­но­ви­те на ма­фи­ја­та би­ле не­из­беж­ни.

Тие истак­ну­ва­ат де­ка е по­треб­но под ит­но да се ре­фор­ми­ра ад­ми­ни­стра­ци­ја­та и да се уна­пре­ди пра­во­судс­тво­то.