Делегација на српската заедница во Македонија кај претседателот Иванов

18:15 | 27.01.2010 | Автор: МИА
По повод празникот Свети Сава, претседателот Ѓорге Иванов, прими делегација на српската заедница во Република Македонија, предводена од академик Влада Урошевиќ.

На средбата беше констатирано дека српската заедница во Република Македонија дава голем придонес кон мултиетничкото богатство на традиции и култури, кои се врвна вредност на нашето општество.

Шефот на државата го поздрави активниот ангажман на српската заедница во сите сфери на општествениот живот.

Соговорниците истакнаа дека заедницата на Србите во Република Македонија, како и заедниците на Македонците кои живеат во Република Србија, даваат важен придонес кон добрите односи на двете држави.

На средбата, покрај академик Урошевиќ, присуствуваа и претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ и неговиот заменик Драган Недељковиќ