» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Друцас пред Бан Ки-мун, со грчката „црвена линија“
10:15 | 05.02.2010 | Автор: МИА
На средбата во Њујорк со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, Димитрис Друцас повторил дека Атина останува на позицијата за име со географска одредница за севкупна употреба, како решение за спорот со Скопје.
- Уште еднаш го информирав генералниот секретар за нашите позиции и за желбата на Грција да се најде решение за прашањето за името. Чекаме и Скопје од своја страна да се однесува на ист конструктивен начин во разговорите што се водат со посредство на ОН, изјави Друцас, посочувајќи оти „грчката црвена линија“ е добро позната. Според грчките медиуми, Друцас во Њујорк нема да се сретне со посредникот на ОН, Метју Нимиц.


