Џа­бе ви се по­ве­ќе од 150 фејс­бук-при­ја­те­ли

20:00 | 25.01.2010 | Автор: Шпиц

Да­ли не­ко­гаш сте чу­ле за бро­јот на Дан­бар. Спо­ред бри­тан­ски­от ан­тро­по­лог Ро­берт Дан­бар, тоа е бро­јот 150, од­нос­но нај­го­ле­ми­от број при­ја­те­ли што чо­ве­ко­ви­от мо­зок мо­же да ги при­фа­ти. На­уч­ни­кот ве­ли де­ка оваа те­за ва­жи и за фејс­бук-при­ја­те­ли­те.

- На Фејс­бук мо­же­те да има­те до 1.500 при­ја­те­ли, но таа број­ка е без­на­чај­на. Ко­га ќе раз­мис­ли­те уба­во, вие одр­жу­ва­те кон­та­кти со гру­па на лу­ѓе ко­ја ни­ка­ко не е по­го­ле­ма од 150 - ве­ли Дан­бар.

Ова е кон­цепт поз­нат уште по­о­дам­на, па та­ка одре­де­ни фа­бри­ки на­мер­но ги дво­е­ле сво­и­те ра­бот­ни­ци во по­ма­ли гру­пи, би­деј­ќи се ве­ру­ва де­ка во огром­ни­те ти­мо­ви од­но­си­те ме­ѓу лу­ѓе­то мо­жат со­се­ма да се вло­шат. Се­пак, има не­кои раз­ли­ки ме­ѓу по­ло­ви­те во на­чи­нот на кој тие стек­ну­ва­ат при­ја­те­ли, што мо­же да вли­јае врз он­лајн-поз­нанс­тва­та. Та­ка, же­ни­те по­лес­но ста­пу­ва­ат во при­ја­телс­тво пре­ку вер­ба­лен кон­такт, до­де­ка кај ма­жи­те пре­су­ден е, се­пак, фи­зич­ки­от кон­такт, што мо­же да зна­чи де­ка де­вој­ки­те би има­ле по­ве­ќе при­ја­те­ли од при­пад­ни­ци­те на ма­шки­от пол. Ин­тер­нет-струч­ња­ци­те ток­му за­тоа пра­ват раз­ли­ка ме­ѓу фејс­бук-про­фил и фејс­бук-стра­ни­ца, ко­ја им ја пре­по­ра­чу­ва­ат на поз­на­ти­те лич­но­сти и на ком­па­ни­и­те, би­деј­ќи за раз­ли­ка од обич­ни­от про­фил, мо­же да при­фа­ти 5.000 „при­ја­те­ли“.

Ова не зна­чи де­ка се­га по­ве­ќе­то од вас тре­ба да поч­нат да ги бри­шат кон­та­кти­те од про­фи­лот, ту­ку ви пре­зен­ти­ра­ме те­за ко­ја по­ка­жу­ва де­ка не си­те фејс­бук-при­ја­те­ли ви се и ви­стин­ски дру­га­ри.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Фејсбук |