» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
ЕУ - десет милијарди евра годишно за фалсификувани лекови
Европејците трошат по 10,5 милијарди евра за фалсификувани лекови или за медикаменти за кои нема одобрение, покажува истражувањето на американската фармацевтска компанија „Фајзер“.
Еден на секој пет Европејци или 21 процент, односно околу 77 милиони лица, признаваат дека купувале лекарства без потребните рецепти, од незаконски извори, претежно преку интернет. Триесет и три проценти од нив тоа го правеле за да не губат време, додека 39 отсто за да заштетдат пари.
„Фајзер“ ја потенцира опасноста, која ја крие купувањето на лекови на тој начин. Меѓу 50 и 90 проценти од лековите купувани преку интернет, се фалсификувани, а понекогаш содржат штетни супстанци, како отров за глувци или борова киселина.
- Потрошувачите во Европа си го изложуваат на опасност сопственото здравје и ја помагаат криминалната економија со тоа што купуваат такви лекови надвор од законскиот здравствен систем, изјави медицинскиот директор на „Фајзер“, Дејвид Гилен.
Во Германија, Италија и Шпанија луѓето најчесто купуваат лекови без потребните рецепти. Тие тоа најчесто го прават преку интернет, за време на патувањата во странство или во ноќните продавници.
Лековите за слабеење, за грип и за проблеми со ерекцијата се меѓу најчесто купуваните на незаконски начин.
„Фајзер“ е производител на Вијагра, еден од најмасовно фалсификуваните лекови.
Во истражувањето извршено преку интернет меѓу 27 октомври и 8 ноември минатата година учествувале 14 илјади лица од 14 држави.


