Европската комисија побара објаснување од Грција за нејзините сложени финансиски операции

17:30 | 15.02.2010 | Автор: МИА
Брисел, 15 февруари - Европската комисија соопшти дека сака Грција да објасни како ги искористила сложените финансиски зделки, за кои се тврди дека дале можност буџетскиот дефицит да изгледа помал, пренесоа агенциите.

Според портпаролот на Европската унија, Комисијата на Грција и дала рок до крајот на февруари да претстави детали за начинот на кој зделките, наречени валутни свапови (размени), се одразиле врз владините отчетувања од 2001 година.

Според портпаролот, ваквите размени не се незаконски, освен ако Грција не ги користи пазарните курсови при пребројувањето на разменувачките курсови, употребени за разменувачките операции.
Грција никогаш не ја информирала ЕУ дека употребува свапови за да го прикрива својот долг, дополни тој.

Земјата веќе е подложена на остра критика заради фалсификувањето на статистичките податоци за својот буџетски дефицит, што доведе до криза што и се закани и на еврозоната, потсетуваат агенциите.