„Фејсбук“ - автоматска размена на лични податоци

13:30 | 31.03.2010 | Автор: МИА
Познатата социјална интернет страница „Фејсбук“ планира да воведе автоматска размена на лични податоци за своите корисници со други партнерски сајтови, пренесува францускиот дневен весник „Монд“.
Списокот на сајтови со кои „Фејсбук“ би можел да разменува податоци засега не е обајвен.
Весникот нагласува дека сјатот им овозможува на своите корисници да дадат мислење за ваквата размена на параметри за нивните приватни животи, која веќе наиде на осуда од страна на организациите за заштита на приватноста.
Корисниците ќе можат да ги оценуваа и коментираат измените, но овие забелешки не се обврзувачки за компанијата „Фејсбук“, истакнува „Монд“.