» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Филе: Балканот не смее да биде заложник на споровите во регионот
05:00 | 11.06.2010 | Автор: МИА
Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе изјави во Брисел дека процесот за влез на земјите од Балканот не смее да биде оптоварен со билатерални спорови во регионот и истакна дека не постои „замор“ во процесот на проширување на Унијата.Филе нагласи дека процесот за влез на западнобалканските земји во ЕУ не смее да биде заложник на билатералните спорови во регионите, пренесе Радио Слободна Европа.Комесарот за проширување во говорот на тркалезната маса за проширување и политиката кон соседите на ЕУ, нагласи дека мора да се најде „поинаква рамка за решавање на отворените билатерални прашања“ во Западен Балкан.Тој повтори дека брзината на пристап на земјите од регионот во ЕУ зависи од потребните реформи кои секоја од нив одделно ги спроведува, нагласувајќи дека не постои никаков замор или рамнодушност кон процесот на проширување на Унијата.


