» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Фотошмајзер за Фејсбук и за Твитер
http://www.yfrog.com
Веќе напишавме дека Фејсбук е најголемиот интернет-сервис за складирање и за објавување фотографии. Тоа е и многу логично, бидејќи го користат неколку стотици милиони луѓе во светот. Веднаш зад него, по бројот на корисници се Твитер и Мајспејс, но како што обично бива, многу од луѓето имаат профили на сите три социјални мрежи. Така, доколку саката де објавите фотографии на сите три социјални мрежи, тоа ќе ви одземе многу време. Токму затоа интернет-сајтот www.yfrog.com ви овозможува да објавите една фотографија истовремено на сите три социјални мрежи. Претходно овој веб-сервис се користеше за промовирање фотографии само преку микроблогерскиот сервис Твитер, нешто слично како многу попопуларниот Твитпик (www.twitpic.com)


