» Најкоментирани од последната недела:
Германија ја отфрли идејата за формирање европски фонд за земји како Грција
Берлин, 15 февруари - Германија ја отфрли идејата да се создаде специјален фонд за помагање на земји оф еврозоната, како Грција, на пример, кои имаат буџетски потешкотии, пренесоа американските медиуми.
Портпаролот на германското Министерство за финансии денеска изјави дека еден Европски монетарен фонд нема да разреши случај како грчкиот.
Портпаролот забележа дека нема начин на кој строгите мерки ќе бидат заобиколени од грчката влада. Тој прецизира дека Грција годинава треба да го намали својот буџетски дефицит за четири проценти, а до 2012 година да го сведе до три проценти од бруто домашниот производ на земјата.
Тоа е едно од барањата за учество во еврозоната.
Новиот еврокомесар за економски и монетарни прашања Оли Рен денеска, на пристигнување на средбата на министрите за финансии во Брисел изјави деја Грција треба да преземе дополнителни мерки за да ги ограничи своите долгови, информираа француските медиуми.
-Опасностите се материјализираат и затоа се неопходни дополнителни мерки, изјави тој пред новинарите.
-Очекуваме грчката влада навреме да преземе дополнителни мерки, за да ја постигне целта, да го намали својот буџетски дефицит за шетири отсто во 2010 година, дополни еврокомесарот.


