Ѓорѓе Иванов - сочувство до претседателката на Чиле

14:30 | 01.03.2010 | Автор: e-reporter

/ Mакедонскиот претседател Ѓорге Иванов по повод катастрофалниот земјотрес што го погоди Чиле испрати писмо со сочувство до чилеанската претседателка Мишел Бачеле.
- Претседателот Иванов во свое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија изрази жалење за изгубените животи и за големите и ненадоместливи штети и изрази увереност дека меѓународната солидарност и хуманост ќе помогнат да се ублажат последиците од оваа невидена трагедија, се наведува во официјалното соопштение.
Над 700 лица загинаа во земјотресот што во саботата наутро по локално време го погоди Чиле со интензитет од 8,8 степени, а речиси два милиони се раселени.

commercial