» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Грција откажа 12 милиони дози вакцини против грип
12:00 | 19.01.2010 | Автор: Шпиц
Атина - Грција соопшти вчера дека откажала порачка на 12,3 милиони дози вакцини против новиот грип Х1Н1 и сака враќање на авансно дадените пари, јавија грчките медиуми.
- Социјалистичката влада на 30 декември ги анулира договорите за порачка на вакцини направени од претходната влада - изјави денеска министерот за здравство Мирилиза Ксенојанакопули.
- Ќе платиме за тоа што сме добиле, но само тоа, и државата бара враќање на авансно уплатените пари - додаде таа без да ја прецизира сумата.
Грција имаше порачка за вакцини од „Глахо Смит Клајн“, „Новартис“ и од „Санофис“.
- Од вкупната порачка од 16 милиони дози, во државата досега се вакцинирани само 360.000 луѓе поради големиот скептицизам на населението да се вакцинира против тој вирус - изјави Ксенојанакопули.
Досега во Грција животот го загубија 97 луѓе поврзани со вирусот на новиот грип, од кои 14 немале други заболувања.