» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Грчката влада ќе распродава Мерцедеси
12:00 | 04.03.2010 | Автор: МИА
Грчкото Министерство за одбрана планира да продаде двесте луксузни лимузини „Мерцедес“. Распродажбата е наложена од објавените мерки на Владата за штедење, пишува атинскиот весник „Вима“.
Возилата биле за генералите и се купени минатата година, но досега стоеле некористени во дворот на Министерството со нула километража.
Весникот истакнува дека Министерството за одбрана на Грција за првпат се зафаќа со ваква распродажба.
Заменик-министерот за одбрана Панос Беглитис изјави дека парите од луксузните автомобили ќе бидат наменети за подобрување на условите за живот на војниците. Тој појасни, дека возилата не биле порачани и купени од раководството на Министерството, туку од штабовите на одделните родови војски.
Според Беглитис, заштеди за оваа година ќе бидат направени и од воените паради. Целта била трошоците за паради да бидат намалени за 12,1 отсто.
Беглитис истакнал дека сето тоа ќе се прави, но без да се намалува воената способност на грчките вооружени сили. Средствата, кои се очекува да бидат заштедени за годината, се во износ од над 20 милиони евра.