» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Друцас во посета на САД
10:15 | 02.02.2010 | Автор: МИА
Грчко-македонскиот спор околу името ќе биде една од темите за кои грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас ќе разговара на средбите, кои ќе ги оствари за време на посетата на САД.
Освен за спорот за името, Друцас ќе ги отвори и темите за грчко-турските односи, кипарското прашање, соработката меѓу Атина и Вашингтон, како и можноста за укинување на американските визи за грчките граѓани.
Тој денеска најпрво ќе се сретне со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, а потоа и со првиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг, како и со повеќе сенатори и конгремсени. Друцас ќе учествува и на тркалезна маса во институтот „Брукингс“.
Грчкиот заменик-министер за надворешни рабти утре ќе има средби во седиштето на Обединетите нации, а на 4 февруари ќе разговара со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.