Груевски се сретна со Шпинделегер

18:45 | 22.01.2010 | Автор: NET PRESS

Премиерот Никола Груевски оставари средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер.

На средбата се разговарало за билатералните односи помеѓу двете земји, соработката на економско поле, како и за процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.

Груевски изразил задоволство од меѓусебните добриte политички односи помеѓу двете земји и искажа подготвеност за нивно натамошно интензивирање во сите области, а воедно беше искажано и задоволство што Австрија во билатералните односи го користи уставното име на Македонија.

Истовремено, беше искажана и благодарност за поддршката на Австрија за процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, која беше изразена и за време на нејзиното претседавање со ЕУ, но и во подоцнежниот период, особено во делот на добивањето визна либерализација, како и верификувањето на напредокот на Република Македонија во европските интеграции што резултираше со добивање препорака од страна на Европската комисија за почеток на преговори. Во овој контекст, претседателот Груевски го информираше својот соговорник за досегашниот тек на разговори со Грција за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот наметнат од нивна страна, што всушност претставува и главна пречка за европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија, при што беше истакнато дека членството во ЕУ и НАТО останува национален приоритет на Македонија и дека Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ да се придвижат работите во позитивна насока и да се дојде до взаемно прифатливо решение.

Од страна на министерот Шпинделегер беше истакнато дека кога ќе се направи подлабока анализа на прашањето ќе се согледа дека не е лесно да се дојде до решение, но дека е значајно да се работи на воспоставување на база на доверба што ќе помогне да се надмине овој спор помеѓу Македонија и Грција.

Тој истовремено го информираше претседателот Груевски за иницијативата на Австрија и Грција за побрза интеграција на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија, информираат од Владата на Република Македонија.

Тагови (карактеристични поими за веста):
схпинделегер | Груевски |