» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Групна тужба против Латас
Група граѓани, денес во Основниот суд Скопје 1 поднесоа приватна кривична тужба за клевета против Драган Павловиќ-Латас. Обвинетиот Латас, во текст, во дневниот весник „Вечер“ објавен на 18.12.2009 изнел невистини за оштетените, наведувајќи дека тие се „платеници на фондацијата Сорос“ и дека „нивна главна цел е да извршат пропаганда за прифаќање на грчките предлози за промена на името и да го нарушат македонизмот“.
Како што е наведено во тужбата, Латас изнел обвинение со кое се нарушува честа и угледот на оштетените, бидејќи ваквото евентуално влијание е спротивно на виталните државни интереси на Македонија.
- Единствената и елементарна цел, не е да извојуваме некаква си лична задоволштина. Напротив, таа е поширока. Ние сакаме македонскиот простор да биде заштитен од вакво загадување, какво што Латас денес нуди во функција на новинар. Сакаме да го заштитиме македонскиот медиумски простор, кој се оцрнува со вакви написи - објаснува Ѓунер Исмаил, еден од подносителите на тужбата.
Павловиќ за клевета групно го тужат: Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Ивица Антески, Маја Бојаџиевска, Џабир Дерала, Лидија Димова, Ѓунер Исмаил, Жарко Јордановски, Гордана Дувњак, Ема Маркоска Милчин, Ида Протуѓер, Ерол Ризаов и Билјана Секуловска.


