Гугл од­го­ва­ра на пра­ша­ња

22:00 | 24.01.2010 | Автор: Шпиц

По­стои ед­на по­го­вор­ка ко­ја на ма­ке­дон­ски оди не­ка­ко ва­ка: Прем­но­гу сум смо­тан за­што не се се­тив да го пра­шам Гугл. Оние што ко­ри­стат ин­тер­нет зна­ат де­ка оваа до­се­тка е при­лич­но ви­сти­ни­та. Ако до­се­га не сте го иско­ри­сти­ле Гугл да ви ре­ши не­ко­ја про­ста ма­те­ма­тич­ка опе­ра­ци­ја, да ви прес­ме­та кол­ку евра се 100 до­ла­ри или пак да ви­ди­те ка­кво ќе би­де вре­ме­то утре, то­гаш си­гур­ни сме де­ка од де­не­ска тоа и ќе го пра­ви­те.
Гугл по­сто­ја­но се оби­ду­ва да го усо­вр­шу­ва сво­јот пре­ба­ру­вач и во тоа е не­при­кос­но­вен. Од ми­на­ти­от пе­ток нај­поз­на­ти­от пре­ба­ру­вач на ин­тер­нет во­ве­де но­ва оп­ци­ја, од­нос­но мно­гу го олес­ни пре­ба­ру­ва­ње­то. Та­ка, до­де­ка ва­ше­то пре­ба­ру­ва­ње има фор­ма на пра­ша­ње, Гугл ќе ви го пре­зен­ти­ра точ­ни­от од­го­вор во ре­зул­та­ти­те што ќе ви ги при­ка­же вед­наш по пре­ба­ру­ва­ње­то и тоа бол­ди­ра­ни, од­нос­но на­пи­ша­ни со по­де­бе­ли бу­кви. Тоа зна­чи де­ка не­ма да мо­ра да клик­не­те на лин­кот и да го ба­ра­те ре­ше­ни­е­то низ по­со­че­ни­те ин­тер­нет-стра­ни­ци.
Гугл ле­то­ска, ко­га се по­ја­ви кон­ку­рен­тот од Мај­кро­софт - Бинг, на­пра­ви по­до­бру­ва­ње, и ве­ру­ва­ле или не, тој се­га при­ка­жу­ва по­ве­ќе ре­зул­та­ти за ре­чи­си по­ло­ви­на по­кра­тко вре­ме.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Гугл |