Гу­ла­бот му ги од­не­се пес­ни­те на То­ше

20:30 | 25.01.2010 | Автор: Ема Николовска

Два­е­сет и де­вет­ти­от ро­ден­ден на ма­ке­дон­ска­та ле­ген­да, ге­ни­ја­лен му­зи­чар и не­по­втор­лив чо­ве­ко­љу­бец и ху­ма­нист То­ше Про­е­ски, вче­ра се сла­ве­ше во Ма­ке­до­ни­ја и во по­ве­ќе ме­ста во Бал­ка­нот. Не­го­ва­та мај­ка му ја на­пра­ви не­го­ва­та оми­ле­на тор­та и ста­ви 29 све­ќи, кои ги дув­наа не­го­ви­те два вну­ка Кри­сти­јан и Ни­ко­ла. Обо­жа­ва­те­ли­те од Скоп­је на Град­ски­от пло­штад пред не­го­ви­от бил­борд па­леа све­ќи и се по­тсе­ту­ва на не­го и не­го­ва­та ка­ди­фе­на ду­ша, а во по­ве­ќе цр­кви во Бал­ка­нот се чи­таа мо­ли­тви за ма­ке­дон­ски­от ан­гел.

Се слу­шаа и пес­ни­те кои тој ги ис­пеа, а и но­ви­те пес­ни кои ден пред ро­ден­де­нот на го­ле­ми­от кон­церт во скоп­ска­та са­ла „Бо­рис Трај­ков­ски“ ги ис­пе­а­ја не­го­ви­те ко­ле­ги од Бал­ка­нот - Аки Ра­хи­мов­ски, Ка­ли­о­пи, То­ни Це­тин­ски, Ни­на Ба­дриќ, Бо­рис Но­вко­виќ, Бо­јан Ма­ро­виќ, Је­ле­на То­ма­ше­виќ и Еле­на Ри­сте­ска. На сце­на бе­ше и ор­ке­ста­рот на МОБ под ди­ри­гент­ство на Са­ша Ни­ко­лов­ски-Ѓу­мар, ка­ко и бен­дот на Про­е­ски.

Ка­ко спе­ци­ја­лен го­стин со сво­ја еки­па, на кон­цер­тот на­ста­пи и ју рок-ле­ген­да­та Оли­вер Ман­диќ, кој ја про­мо­ви­ра­ше те­ма­та ко­ја лич­но му ја по­све­ти на То­ше, и со ко­ја по по­ве­ќе од две де­це­нии се вра­ти на кон­церт­на­та сце­на. Тро­га­тел­на ком­по­зи­ци­ја „Про­бу­ди се на час“ (на текст на Ма­ри­на Ту­ца­ко­виќ), Оли­вер ја ис­пол­ни клек­нат на но­зе. Во не­го­ва при­друж­ба беа Га­ра­бет, Га­ро и Ди­ки Та­вит­јан, Бе­би Дол и сопс­тве­ни­кот на ТВ Пинк – Жељ­ко Ми­тро­виќ, ка­ко ги­та­рист.

Спе­кта­ку­лар­ни­от кон­церт го во­деа Игор Џам­ба­зов и не­го­ви­те трој­ца ре­ги­о­нал­ни ко­ле­ги Ми­лан Ка­ли­ниќ од Ср­би­ја, Да­ли­бор Пе­тко од Хр­ват­ска и Дра­жен Ба­у­ко­виќ од Цр­на Го­ра. Ме­ѓу пес­ни­те тие ги чи­таа впе­ча­то­ци­те кои во кни­га­та на жа­лост на по­чи­ва­ли­ште­то на То­ше на кру­шев­ско­то Гу­ме­ње и од ма­на­сти­рот, кои ги оста­ваа не­го­ви­те обо­жа­ва­те­ли од це­ли­от свет.

Не­го­ви­от внук Кри­сти­јан Ри­сте­ски на еле­ктрич­на ги­та­ра и де­ца­та од Му­зич­ки­от ка­би­нет од ос­нов­но­то учи­ли­ште Ни­ко­ла Ка­рев од Кру­ше­во под ди­ри­гент­ство на Хри­сту Хри­стов­ски-Му­лар ја из­ве­доа ин­стру­мен­тал­на­та вер­зи­ја на пес­на­та „Цре­ша“, ко­ја То­ше ја на­ре­ку­ва­ше - авто­би­о­граф­ска.
Најм­но­гу емо­ции и ду­хот на То­ше се по­чув­ству­ваа ток­му на оваа пес­на ко­га пуб­ли­ка­та хор­ски ги пе­е­ше тро­га­тел­ни­те збо­ро­ви. Сол­зи во пуб­ли­ка­та, сол­зи и кај не­го­ва­та де­вој­ка Бла­ги­ца.
На кон­цер­тот беа при­ка­жа­ни уште два спо­та од анг­ли­ско­то це­де на То­ше - Тхе Хар­дест Тхинг, об­ја­ве­но ла­ни за не­го­ви­от ро­ден­ден - „Гу­илтѕ“ и „Фор евер ин тхе даѕ“.

Со бла­го­дар­ни­ци од Фон­да­ци­ја­та „То­дор Про­е­ски“ за си­те учес­ни­ци, еден бел гу­лаб кој од ра­це­те на ма­леч­ка­та ба­ле­ри­на се вив­на во са­ла­та Бо­рис Трај­ков­ски и за­ста­на во пуб­ли­ка, и со хор­ско­то пе­е­ње на „Игри без гра­ни­ци“ и „Тај­но мо­ја“ до­сто­инс­тве­но за­вр­ши ху­ма­ни­тар­ни­от кон­церт „Со ху­ма­ност до свет­ли­на­та“ – во чест на ма­ке­дон­ски­от ан­гел То­ше Про­е­ски, а со­бра­ни­те средс­тва од про­да­де­ни­те око­лу 9.000 влез­ни­ци, ка­ко и од СМС-по­ра­ки­те ќе би­дат иско­ри­сте­ни за еле­ктри­фи­ка­ци­ја на ма­на­сти­рот Све­то Пре­о­бра­же­ние, кој се на­о­ѓа над род­ни­от град на То­ше - Кру­ше­во.

Збо­гу­ва­ње­то со То­ше во коб­ни­от 16 октом­ври 2007 ед­но­став­но не зна­че­ше крај, ту­ку са­мо па­у­за до след­но­то срет­ну­ва­ње. А срет­ну­ва­ња­та и сред­би­те се се­којд­нев­ни, со не­го­ви­те пес­ни.