Хидролошката состојба без поголеми нарушувања

10:15 | 04.03.2010 | Автор: МИА
Не се забележани никакви наружувања на хидролошката состојба во Македонија во текот на вчерашниот ден, соопшти денеска Координативното тело на Владата за справување со последиците од поплавите, Водостојот на реките е без зголемувања, а на одредени места на реките Вардар и Треска се забележани и намалувања на водостојот за 2 сантиметри.
Како што информираат од Координативното тело, во текот на вчерашниот ден на бесплатната телефонска линија 195 во Центарот за управување со кризи, не биле регистрирани повици од граѓани за евентуални излевања на вода, одрони или лизгање на земјиште.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Попладне врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови на државата.