Хр­ват­ски­те сту­ден­ти и про­фе­со­ри кон­тра Бо­ло­ња

21:00 | 02.02.2010 | Автор: Шпиц

Се по­го­лем број хр­ват­ски сту­ден­ти и про­фе­со­ри сме­та­ат де­ка бо­лоњ­ски­от си­стем на сту­дии не е нај­до­бро ре­ше­ние за хр­ват­ско­то под­неб­је, а фа­кул­те­ти­те во За­греб ја разг­ле­ду­ва­ат мож­но­ста да го вра­тат тра­ди­ци­о­нал­ни­от на­чин на сту­ди­ра­ње, ја­ви­ја хр­ват­ски­те ме­ди­у­ми. Бо­лоњ­ски­от про­цес бе­ше не­оп­ход­на фор­мал­на про­ме­на со цел хр­ват­ски­те дип­ло­ми да до­би­јат европ­ски предз­нак, но пре­диз­ви­ка мно­гу кон­тро­вер­зии би­деј­ќи от­ста­пу­ва од до­се­гаш­на­та тра­ди­ци­ја и оче­ку­ва­ња на до­маш­ни­от па­зар, сме­та за­греп­ски­от про­фе­сор д-р Да­мир Љу­бо­ти­на.

Тој истак­ну­ва де­ка до­се­гаш­ни­те истра­жу­ва­ња по­ка­жаа де­ка но­ви­от си­стем го за­ба­ви сту­дент­ски­от на­пре­док, при што во­ве­де­на­та би­ро­крат­ска про­це­ду­ра зна­чи­тел­но ги про­дол­жи­ла сту­ди­и­те. Про­фе­со­рот сме­та де­ка мо­де­лот на пе­тго­диш­ни сту­дии е по­до­бар од бо­лоњ­ски­от си­стем. По за­вр­шу­ва­ње­то на пр­ви­от сте­пен сту­дии, спо­ред ан­ке­та­та спро­ве­де­на во те­кот на 2008 и на 2009 го­ди­на, со стек­на­то­то зна­е­ње и под­го­тве­ност за ра­бо­та не се за­до­вол­ни ни­ту сту­ден­ти­те ни­ту нив­ни­те ид­ни ра­бо­то­дав­ци, пи­шу­ва хр­ват­ски­от вес­ник „Ју­тар­њи лист“.

Про­сеч­на оцен­ка со ко­ја 1.720 сту­ден­ти од 22 фа­кул­те­ти во За­греб ја оце­ни­ле сво­ја­та под­го­тве­ност за ра­бо­та во стру­ка­та из­не­су­ва ед­вај 2,82, до­де­ка исто­то тоа зна­е­ње е оце­не­то со 3,45 во пог­лед на под­го­тве­но­ста за пост­дип­лом­ски сту­дии и спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни сту­дии спо­ред бо­лоњ­ски­от си­стем. Исто та­ка, се по­ве­ќе се зго­ле­му­ва и бро­јот на про­фе­со­ри кои сме­та­ат де­ка по во­ве­ду­ва­ње­то на бо­лоњ­ски­от си­стем на­ста­ва­та по­те­шко се спро­ве­ду­ва­ла, по­ка­жу­ва ан­ке­та­та на хр­ват­ско­то би­ро за раз­вој на обра­зо­ва­ни­е­то. Не­по­сред­но по по­ли­тич­ка­та од­лу­ка, бо­лоњ­ски­от си­стем да се при­ме­ни на си­те фа­кул­те­ти во За­греб, 24 от­сто од про­фе­со­ри­те се из­јас­ни­ле де­ка на тој на­чин на­ста­ва­та се по­до­бри­ла, но де­нес та­кво мис­ле­ње има­ат са­мо 17 от­сто про­фе­со­ри.

- Кри­ти­ки­те за бо­лоњ­ски­от про­цес се се пог­лас­ни и во рам­ки­те на ЕУ, што ука­жу­ва де­ка тој мо­дел во ни­ту ед­на др­жа­ва не за­жи­ве­ал ка­ко што тре­ба. Во Хр­ват­ска е по­зи­тив­но тоа што раз­вив­ме си­стем за упра­ву­ва­ње на ква­ли­те­тот, вос­по­ста­вив­ме ди­јаг­но­за, но не и те­ра­пи­ја - сме­та про­фе­сор Љу­бо­ти­на.