И Со­ни си на­пра­ви Ај­фон

12:00 | 22.01.2010 | Автор: Шпиц

/ Еден од нај­го­ле­ми­те про­из­во­ди­те­ли на мо­бил­ни те­ле­фо­ни, Со­ни ери­ксон во те­кот на на­ред­ни­те два ме­се­ца ќе го пу­шти во про­даж­ба мул­ти­ме­ди­јал­ни­от смар­тфон со умет­нич­ко име Ви­важ. Уре­дот има мно­гу еле­ган­тен и мо­де­рен ди­зајн, кој се на­до­вр­зу­ва на мо­де­лот Икс­пе­ри­ја, а спо­ред нај­а­ви­те оваа ли­ни­ја ќе ја сле­дат и дру­ги­те мо­де­ли на Со­ни.

Ви­важ пр­венс­тве­но е на­ме­нет за сни­ма­ње и за раз­ме­ну­ва­ње ви­деа, кој има вгра­де­на ка­ме­ра со 8,1 ме­га­пи­ксе­ли. Тој мо­же да сни­ми ви­део со ХД (нај­ви­сок ква­ли­тет на сним­ка), а за по­про­фе­си­о­нал­ни фо­то­гра­фии опре­мен е и со авто­фо­кус. По­крај ова во те­ле­фо­нот има фм-ра­дио, џи-пи-ес, ви-фи, 3Г, ТВ-из­лез и над се­та таа тех­но­ло­ги­ја вла­дее екран со дол­жи­на на ди­ја­го­на­ла­та од 8 сан­ти­ме­три.
Апа­ра­тот ќе го по­кре­ну­ва нај­но­во­то из­да­ние на опе­ра­тив­ни­от си­стем Сим­би­ан С60 прис­по­со­бен за ра­бо­та на Со­ни ери­ксон, не­што што ве­ќе го ви­дов­ме во прет­ход­ни­от мо­дел Са­тио.

Ви­важ на па­за­рот ќе се по­ја­ви во че­ти­ри бои на ку­ќи­ште­то, до­де­ка офи­ци­јал­на­та це­на с* уште не е поз­на­та, иа­ко се шпе­ку­ли­ра де­ка це­на­та ќе се дви­жи ме­ѓу 480 и 540 евра. Ин­фор­ма­ци­и­те за про­мо­ци­ја­та на Ви­важ до­а­ѓа­ат не­кол­ку не­де­ли отка­ко Гугл го про­мо­ви­ра сво­јот кон­ку­рент на нај­по­пу­лар­ни­от те­ле­фон на де­неш­ни­ца­та Ај­фо­нот на Аме­ри­кан­ци­те Епл. Ете, од ско­ро и Со­ни ќе им пра­ви друш­тво.

commercial