» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Иднина со автомобили, но без шофери
До 2018 година можеме да го очекуваме првиот автомобил, кој ќе се движи без помош на човекот
22:15 | 24.01.2010 | Автор: Шпиц
Во автомобилската индустрија се почесто се зборува за поимот драјвлес кар, односно автомобил кој нема потреба да го возите. Во оваа група спаѓа секое возило кое може да се движи од една до друга локација, без никаква помош од човек.
Многу луѓе веруваат дека овој тип автомобили поседуваат потенцијал целосно да ги искоренат нашите постоечки навики во возењето и да ги искоренат автомобилските несреќи. Дополнително, тие би придонеле да се намали загаденоста на воздухот добиена по пат на емисија на штетни гасови.
Според водечкиот дизајнер и футурист, Мајкл Арт, овие автомобили ќе го намалат бројот на возила, кој во овој момент изнесува околу 800 милиони. Тој тврди дека 90 отсто од сите автомобили се паркирани, а во секој момент активни се само 10 отсто.
Замислата е целиот сервис да функционира како такси и секој што има потреба од превоз ќе повика автомобил по телефон. Меѓутоа, сево ова е „нула“ во споредба со тоа што патникот го очекува во автомобилот.
Замислете како влегувате во еден таков автомобил. Седнувате на фотелја-масажер, си ја нагодувате светлината, имате ЛЦД-телевизор со избор на вашите омилени филмови, персонален компјутер со пристап на интернет, а атмосферата ја надополнува омилената музика и не се плашите дали ќе стигнете безбедно на посакуваната дестинација.
Еден таков концепт е и „ауди ер-ес-ку“, кој ни е познат како автомобил на иднината од филмскиот хит „Јас, робот“.
Автомобилот има врвен дизајн, а внатре е опремен со сите можни видови гаџети. Сепак, с* уште е пробен модел и неговиот софтвер се надградува. За да ви илустрираме како напредува развојот на оваа технологија, доволен показател ќе ни биде натпреварот Дарпа кој се одржува секоја година почнувајќи од 2002 година. Станува збор за натпревар во кој учествуваат возила без шофер и кои се програмирани сами да одлучуваат.
Едноставно тргнуваат од едно место, а целта им е друга локација на растојание од стотина метри во пустина. Првата година никој не стигна ни приближно до целта. Во наредното натпреварување еден тим успеа во мисијата, додека во 2004 година шест тима стигнаа до целта. Лани натпреварот се одржа во урбана средина и речиси сите учесници успешно завршија и сега, за разлика од пред неколку години, важно е времето за кое ќе се пристигне на целта. Од минатата година постојат уште неколку вакви натпревари и нивниот број секоја година се зголемува. Анализите покажуваат дека веќе во 2018 година можеме да го очекуваме првиот драјвлес-автомобил на улиците и сите да патуваме спокојни затоа што ќе знаеме дека сме на сигурни тркала.


