Иднината на Србија е во ЕУ, изјави белгискиот премиер Ив Лотерм

19:00 | 17.02.2010 | Автор: МИА
Белград, 17 февруари - Белгискиот премиер Ив Лотерм изјави денеска по разговорот со српскиот премиер Мирко Цветковиќ изјави дека иднината на Србија е во европската интеграција.

Лидерите на европските влади треба да го распознаат овој момент и да ја зграпчат историската шанса, која им се дава, за да ги прифатат останатите земји, кои не се членки на Европската унија во момент, кога нивните влади имаат позитивен однос кон ЕУ, изјави Лотерм.

Тој потсети дека Белгија во јули годинава ќе го преземе претседателството на ЕУ и го истакна дека напредокот, кој Србија го постигна во 2009 година во визната либерализација, одмрзнувањето на Преодната трговска спогодба и поднесувањето барање за членство во ЕУ.

Цветковиќ од своја страна оцени дека прашањето за Косово и за Ратко Младиќ, обвинет од Хаг, нема да попречи на европската интеграција на Србија. Тој појасни дека прашањето за Младиќ повеќе не е политички, туку технички проблем и додаде дека Србија прави се за да оствари целосна соработка со Хашкиот трибунал.