Иницијатива на Македонскиот ПЕН центар за номинација на Скопје за европска престолнина на културата

10:30 | 27.01.2010 | Автор: МИА

Скопје, 27 јануари - Македонскиот ПЕН центар покрена иницијатива Скопје да биде номинирано за Европска престолнина на културата. Управниот одбор на оваа писателска асоцијација проценува дека главниот град на Република Македонија ги исполнува сите услови да се вброи меѓу европските градови кои секоја година се прогласуваат за престолнини на културата.
- Културната биографија и современите потенцијали на Скопје и на творците кои живеат и творат во него, како и на уметниците од светот кои гостуваат на скопските културни подиуми, гарантираат дека Скопје може да одговори на сите обврски како европска престолнина на културата, се наведува во соопштението на Македонскиот ПЕН центар потпишано од неговиот претседател Ристо Лазаров.
Македонскиот ПЕН центар ги повикува и другите уметнички, граѓански и невладини здруженија да се вклучат кон иницијативата.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Скопје |