» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Италија е виновна за сметот во Неапол
13:00 | 04.03.2010 | Автор: МИА
Италијанската Влада е виновна за кризата од 2007 година, во која илјадници тони смет беа истурени по улиците на Неапол и регионот на Кампања, затоа што не изградила соодветен систем да се справи со проблемот, одлучи денеска Судот на ЕУ.
Италија тврди дека кризата била предизвикана од сили кои биле надвор од нејзина контрола, поконкретно - од криминални групи.
Судот во Луксембург, меѓутоа, денеска објави дека кризата открила структурен дефицит во однос на инсталации за обработување на сметот, а не се должи толку на криминални дејствија.
- Италија не успеа да ги исполни обврските според Директивата за отпадоците на ЕУ, се вели во соопштението на Судот.


