Јапонците на Хаити ќе испратат помош од 70 милиони долари

14:45 | 25.01.2010 | Автор: МИА

/ Токио, 25 јануари - Јапонија на Хаити ќе испрати помош од 70 милиони долари, соопшти денеска потпаролот на јапонската Влада, Хирофуми Хирано.

Официјален Токио исто така наскоро ќе ги информира Обединетите нации дека е подготвен да испрати свои војници, да бидат дел од мировната мисија на светската организација во таа карипска земја.

- Народот на Хаити е соочен со најголемиот степен на разурнување од земјотрес, рече премиерот на Јапонија, Јукио Хатојама и најави дека јапонските војници ќе бидат многу брзо упатени таму.

ОН на Хаити ќе испрати дополнителни 2.000 војници и 1.500 полицајци како би се приклучиле на постоечката мсиија која брои 9.000 припадници.

Јапонија на таа мисија на светската организација ќе и помогне со свои 300 војници, рече потпаролот на јапонската Влада.

commercial