Ќе ку­пу­ва­ме двој­но по­ста­ри авто­мо­би­ли

Ста­рос­на­та гра­ни­ца на увоз­ни­те авто­мо­би­ли до­пр­ва ќе се утвр­ду­ва и таа мо­же да би­де ме­ѓу 11 и 13 го­ди­ни.

20:15 | 25.01.2010 | Автор: Шпиц

Вла­да­та нај­а­ви ана­ли­за чи­ја цел е да ја ис­пи­та мож­но­ста да се зго­ле­ми ста­рос­на­та гра­ни­ца за увоз на по­лов­ни авто­мо­би­ли. Цел­та на ана­ли­за­та е на гра­ѓа­ни­те да им се овоз­мо­жи да ку­пу­ва­ат по­ста­ри, но и она што е нај­важ­но, да­ле­ку по­е­вти­ни авто­мо­би­ли.

Увоз­ни­ци­те на но­ви авто­мо­би­ли, пак, не се сог­ла­су­ва­ат со ва­ква­та од­лу­ка и сме­та­ат де­ка тоа не­ма да ја по­пра­ви со­стој­ба­та на гра­ѓа­ни­те.

Ста­рос­на­та гра­ни­ца на увоз­ни­те авто­мо­би­ли до­пр­ва ќе се утвр­ду­ва и таа мо­же да би­де ме­ѓу 11 и 13 го­ди­ни. Уво­зот на авто­мо­би­ли по­ста­ри од де­сет го­ди­ни ќе би­де олес­ну­ва­ње за гра­ѓа­ни­те кои до се­га до се­га не би­ле во мож­ност да ку­пат во­зи­ло по­ра­ди ви­со­ки­те це­ни. Спо­ред пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, со ва­ква­та од­лу­ка се отво­ра мож­ност за по­си­ро­маш­ни­те гра­ѓа­ни да на­ба­ват евти­ни по­лов­ни авто­мо­би­ли. Во­ед­но, спо­ред Гру­ев­ски, ќе се ре­ши проб­ле­мот со го­ле­ми­от број на не­ре­ги­стри­ра­ни бу­гар­ски авто­мо­би­ли, кои ќе мо­жат да се пре­ре­ги­стри­ра­ат. Тоа исто та­ка зна­чи де­ка на­ме­сто авто­мо­би­ли­те со до­се­гаш­ни­те Еу­ро 3 стан­дар­ди ќе се ба­ра­ат и оние со по­ни­ски стан­дар­ди ка­ко - Еу­ро 1 и Еу­ро 2.

Увоз­ни­ци­те на но­ви авто­мо­би­ли, пак, сме­та­ат де­ка ова е по­греш­на вла­ди­на стра­те­ги­ја и де­ка вла­ста им пра­ви ло­ша ус­лу­га на гра­ѓа­ни­те, кои, те­шко ќе се сна­о­ѓа­ат со ска­по­то сер­ви­си­ра­ње на ста­ри­те во­зи­ла и со ска­пи­те ре­зерв­ни де­ло­ви. Спо­ред нив, по­лов­ни­те авто­мо­би­ли ста­ну­ва­ат ри­зич­ни и не­у­по­треб­ли­ви, а зго­ра на тоа ќе соз­да­де мож­ност Ма­ке­до­ни­ја де ста­не от­пад за европ­ски­те ста­ри авто­мо­би­ли.

Тие & пред­ла­га­ат на вла­да­та да го сти­му­ли­ра отку­пу­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски во­зи­ла ста­ри над 10 го­ди­ни, со што ќе се об­но­ви воз­ни­от парк во зем­ја­та, а во­ед­но ќе се спре­чи од­ле­ва­ње­то де­ви­зи за ку­пу­ва­ње ста­ри во­зи­ла од странс­тво, ка­ко и за нив­но сер­ви­си­ра­ње.

До­се­га мо­жеа да се уве­зу­ва­ат по­лов­ни во­зи­ла не по­ста­ри од 6 го­ди­ни. Во ре­гу­ла­ти­ва­та не бе­ше стрикт­но на­ве­де­на ста­рос­на­та гра­ни­ца, ту­ку се по­чи­ту­ваа стан­дар­ди­те Еу­ро 3, спо­ред кои не мо­же да се уве­зу­ва по­ста­ри во­зи­ла кои ис­пу­шта­ат по­го­ле­ма еми­си­ја на из­дув­ни га­со­ви.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Автомобил | увоз |