» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
КЕШ осомничена за поплавите во Албанија
Генералниот директор на Албанската електроенергетска корпорација (КЕШ), Мухарем Стојку бил повикан во Јавното обвинителство во Скадар да даде изјава за начинот на менаџирање со трите хидроцентрали на каскада на Дрим, пред и за време на големите поплави во северниот дел на Албанија. Стојку во обвинителството останал два часа. По неговото сведочење, кое беше затворено за јавноста, Стојку одби да даде каква било изјава за медиумите.
Извори од Обвинителството потврдуваат дека директорот на КЕШ тврдел оти менаџирањето на каскадата на Дрим било нормално, додавајќи дека вода од браните почнала да се испушта од 27 декември.
Според правилникот за работа, максималното ниво на водата во акумулацијата на хидроцентралата „Фиерза“ е 290 метри, но постои сомнеж дека е направена повреда на регулативата, бидејќи нивото било над оваа кота.
Обвинителството во Скадар, на 15 јануари почна истрага за утврдување на одговорноста на КЕШ за поплавите. Таа треба да утврди дали се почитувал правилникот за работа на електраните, односно кога се отворени вентилите за испуштање вода од преполнетите акумулации, што беше и главната причина за поплавите, како и утврдување на кое ниво биле акумулациите во моментот на испуштањето на водата.


